Јакнење на образовните капацитети за менаџмент со ризиците од ненативните акватични видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора)(Educational Capacity Strengthening for Risk Management of Non-native Aquatic Species in Western Balkans (Albania, Bosnia and Herzegovina and Montenegro)/RiskMan

Со прифаќањето на проектот “Јакнење на образовните капацитети за менаџмент со ризиците од ненативните акватични видови во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора)” (Educational Capacity Strengthening for Risk Management of Non-native Aquatic Species in Western Balkans (Albania, Bosnia and Herzegovina and Montenegro)/RiskMan, еколошкото здружение од Охрид-ЕКОМЕНЛОГ стана и официјално партнер институција во Конзорциумот кој ќе го спроведува проектот во наредните две години.

Проектот е финансиран во рамките на КА-2 Еразмус програмата, преку повикот EAC/A02/2019.

Основната цел на проектот RiskMan е зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните водни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) преку промовирање на едукација на засегнати страни и студенти од високото образование и стимулирање на соработка помеѓу целните земји.

Специфичните цели на проектот се:

● Унапредување на вештините, во системот за високо образование, за управување со ненативни акватични видови кај земијите партнери на проектот во согласност со меѓународните директиви дадени од ФАО, ИУЦН и стратегиите за соработка на Европската унија;

● Поддршка на земјите-партнери за решавање на предизвиците со кои се соочуваат нивните институции за високо образование кои се однесуваат на управување со ненативните акватични видови, вклучувајќи проценка на ризик, учество на засегнатите страни,планирање и управување со објекти и индустрии за аквакултура;

● Поддршка преку модернизација и интернационализација на практиките што се применуваат во управувањето со ризиците од ненативните акватични видови во аквакултура, риболов и трговија со аквариуми во земјите-партнери на Западен Балкан;

● Промовирање на комуникација и свесност на засегнатите страни (студенти, работници во аквакултурата и туризмот) за заканата од ненативните видови врз биолошката разновидност;

● Промовирање на доброволно приближување со развојот на ЕУ во високото образование и рибарската индустрија со цел подобра за соработка меѓу партнерите на конзорциумот за справување и менаџмент на ненативните акватични видови;

● Развивање на модел за управување со ризиците од ненативните водни видови за Западен Балкан.

Конзорциумот  на проектот RiskMan се состои од 11 партнери од 7 различни земји кои ќе работат заедно во насока на развој на единствена платформа заснована на иницијативата за граѓанска наука што ќе се користи во Балканскиот регион како почетна точка за вклучување други универзитети, агенции, меѓународни или национални институции. Сите овие институции ќе можат да ја користат платрформата како алатка за понатамошно промовирање на проблемот со инвазивни и ненативни видови, но истовремено и како корисен инструмент за справување и управување со  ненативните и инвазивни видови.  За прв пат, проектот вклучува соработка помеѓу невладините организации, јавноста и приватни институции на национално и регионално Балкански полуостров) ниво.

Покрај здружението за екологија-Екоменлог, како партнер во проектот е и Хидробиолошки институт Охрид, најстарата научна институција во земјата.

Реализацијата на проектот ќе се одвива под раководство на експертската група од универзитетот во Мугла, Република Турција, предводена од Д-р Даниела Гиането.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *